Унгарското претседателство: Одобрени агендите на земјите од Западен Балкан вредни 6 милјиарди евра
Реформските агенди на Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово се одобрени во рамки на новиот Инструмент за реформи и раст во износ 6 милијарди евра, познат како План за раст на Западен Балкан, објави на мрежата „Х'“ унгарското претседателство со ЕУ.
Ова го трасира патот пре-финансирањето да започне за време на унгарското претседателство со Унијата. Поддршката на интеграцијата на Западен Балкан, останува клучен приоритет на унгарското претседателство, се наведува во соопштението.
Согласно Планот за раст на Западен Балкан вреден 6 милијарди евра, земјава треба да добие 750 милиони евра поделени на неколку транши, а првата транша од 7 проценти, односно 52,5 милиони евра, државава ќе ја добие најдоцна до крајот на годината.
Според формулата од Регулативата за инструментот за реформи и раст, усвоена од страна на Европскиот парламент и Советот на ЕУ, Северна Македонија треба да добие 750,4 милиони евра за периодот 2024-2027 година. Овие средства ќе бидат условени со реализација на конкретни квалитативни и квантитативни чекори поврзани со мерките за планираните реформи.
Ново на Сител
-
Трамп побарал воени авиони и противракетна заштита на неговите митинзи
-
Во Охрид почина Алекс Салмонд, поранешниот прв министер на Шкотска
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува во понеделник
-
Унгарското претседателство: Одобрени агендите на земјите од Западен Балкан вредни 6 милјиарди евра
-
Отворена нова канцеларија на управните служби на МВР во Сарај
-
МВР апелира за нови интернет измами: Граѓаните да не споделуваат лични податоци и податоци од платежни картици
-
Претрес во липковско: Пронајдени дрога и оружје, приведени две лица
-
Платите на наставниците и професорите ќе се покачат за 5%