Симовски: ДЗС нема побарано продолжување на пописот
Државниот завод за статистика досега нема побарано продолжување на Пописот 2021. Согласно сегашните процеси, очекуваме и уверени сме дека ќе завршиме во законскиот рок, изјави вечерва за МИА директорот на ДЗС Апостол Симовски.
Симовски, појасни дека ако требало ќе побарале продолжување пред пет дена, а не на последниот ден.
– Нас ни е битно да бидат опфатени сите објекти за домување. Ние имаме своја технологија по која го следиме процесот и ќе знаеме дали и кога точно ќе го завршиме процесот. Согласно сегашните процеси, очекуваме и уверени сме дека ќе завршиме во законскиот рок, изјави Симовски за МИА.
Согласно Законот за попис, утре е последниот 26-ти ден од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2021 година, кој започна на 5 септември.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници