Силите на сириските Курди ги потиснаа исламистите во северна Сирија
Силите на сириските Курди и нивните арапски сојузници минатата ноќ презедоа контрола врз воениот аеродром во Миниг во северна Сирија, што досега беше под контрола на исламистички антивладни групи.
Како што соопшти опозицискиот Сириски центар за мониторниг на човековите права со седиште во Лондон, здружените сили на курдските Единици за заштита на народот и на локалните арапски паравоени групи ги потиснале исламистичките борци од градот Миниг и презеле контрла врз блискиот воен аеродром, кој се наоѓа северно од Алепо, каде изминативе недели се водат жестоки борби меѓу сириските владини сили и бунтовниците.
Според Центарот, курдските сили го освоиле Миниг по жестоки неколкудневни борби со исламиситите, при што презеле контрола и врз повеќе села во регионот.
Со загубата на Миниг, исламистите ја загубија контролата врз последата воена база во провинцијата Алепо.
Исламистите го презедоа воениот аеродром во Миниг во август 2013 година, откако од таму ги потиснаа сириските владини сили.
Центарот посочува дека бунтовничките сили во провинцијата Алепо се изложени на двоен притисок, од курдските сили од запад и од владините трупи кои напредуваат северно од градот Алепо.
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка