Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервјуто за „Фокс њуз“ изјави дека за неговата оставка одлучува народот на Украина. Неговата изјава уследи по коментарот на американскиот републикански сенатор Линдзи Греам, кој побара на негова оставка.
-Не знам дали тој (сенаторот Греам) ќе биде задоволен од моите зборови, но само украинскиот народ може да донесе таква одлука, истакна Зеленски.
Сенаторот Греам синоќа го критикуваше Зеленски по неговата караница со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа. Греам истакна дека Зеленски „или треба да поднесе оставка и да испрати некого да работиме со нас, или треба да се смени“.
Во меѓувреме, демократите во Конгресот му изразија поддршка на Зеленски. Поддршка за Зеленски уследи и од украинската армија и од Украинците.
Главниот командант на украинската армија Олександр Сирски изјави вечерва дека војниците на земјата го поддржуваат претседателот Зеленски.
-Вооружените сили се со Украина, со народот, со врховниот командант (Зеленски). Нашата сила е во единството, напиша Сирски на социјалните мрежи откако Зеленски ја напушти Белата куќа без потпишан договор со САД, и откако Трамп го обвини за „неблагодарност“ и „непочитување“ за време на разговорот.
Сириски додаде „продолжуваме да го уништуваме окупаторот и да се движиме кон победа“.
Поддршка уследи и од премиерот на Украина, Денис Шмигал, кој на Икс објави дека „Прекин на огнот без гаранции е пат кон руска окупација на целиот европски континент“.
-Почит за претседателот за неговата храброст и за одбраната на честа на нашиот народ кој ја плати својата слобода со својата крв, напиша на Икс украинскиот вицепремиер Михаил Федоров.
И Украинците на интернет го поддржаа Зеленски.
-Навистина историски ден. Целиот свет во живо виде како човек од земја разурната од војна им се спротивставува на двајца насилници, објави еден Украинец на социјалните мрежи, алудирајќи на Трамп и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.
Додека друг Украинец на Фејсбук наведе дека „Русија долго време ќе се радува на оваа средба“.
Во нашите најлоши кошмари, никогаш не ни замислувавме дека американскиот претседател вака ќе ни зборува. Чувството е како заседа. Намерно понижување, посочи тој.
Ново на Сител
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал
-
Трамп би можел да ја укина целата помош за Украина