Силен земјотрес ја потресе Русија
Силен земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала го погоди денеска далечниот истокна Русија, соопшти американскиот Геолошки завод.
Земјотресот се случил во 3.25 часот по локално време на длабочина од 160 километри во планинскиот предел на Камчатка, со епицентар 87 километри северозападно од регионалниот центар Петропавловск-Камчатка.
Засега нема извештаи за жртви, ниту дека е причинета материјална штета.
Руската академија на науките соопшти дека по првиот се регистрирани седум вторични потреси со интензитет од два до 4,8 степени во истиот реон на Камчатка.
Тоа подрачје се наоѓа во близина на пацифичкиот „огнен прстен“, каде се многу чести земјотреси и ерупции на вулкани.
Националниот и Пацифичкиот центар за предупредување на цунами соопштија дека нема опасност од појава на цунами.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите