Loading Video...
Фудбал
8. November 2020 - 17:40

Силекс поразен од „Лавовите“ од Ѓорче Петров

 
Силекс попладнево претрпе убедлив и неочекуван пораз на домашен терен,  губејќи 0-3 од разиграниот тим на Македонија ЃП. 
 
Мечот ќе имаше сосема поинаков тек доколку во првиот дел погодеа од Ѓуриќ, Ристов и Костовски од изгледни позиции.
 
„Лавовите“ поведоа во 53-та минута, откако Фернандо Аугусто погоди од слободен удар.
 
На 2-0 зголеми Кристијан Филиповски во 76-та минута, по грубата грешка на Бурхан Мустафов.
 
Кратовци во финишот постигнаа регуларен погодок, кој, се чини, неоправдано го поништи судијата Марјан Марковски по сугестија на помошникот Мацевски.
 
Во судиското продолжение Калид и побегна на домашната одбрана и ги постави конечните 0-3.
 
Оливер Арсовски