-->
-->
Сијарто: Крајно време е членките на ЕУ да покажат јасна поддршка за европската интеграција на Западен Балкан
-->
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто на Бледскиот стратешки форум рече дека е крајно време членките на ЕУ да покажат јасна поддршка за европската интеграција на Западен Балкан.
Сијарто изјави дека ЕУ не може да биде цела, посилна или поотпорна на кризи доколку не ги интегрира земјите од Западен Балкан.
Тој рече дека, за жал, „има многу лицемерие во ЕУ“ кога станува збор за проширувањето, бидејќи повеќето од членките јавно зборуваат за тоа колку го поддржуваат приемот на нови земји, но на состаноците изнесуваат аргументи против тоа.
„Затоа е време членките на ЕУ да бидат јасни и да му дадат поддршка на Западен Балкан на патот кон европската интеграција“, порача Сијарто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%
-
Државниот испитен центар, во Штип, Битола и Скопје ќе обезбеди простор за полагање државна матура
-
Потребна е поголема зелена инфраструктура против загадувањето
-
Преглед на вестите од светот
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ