-->
-->
Сибир: Во поплавите 22 загинати и над 400 повредени
-->
Повеќе од 400 лица се хоспитализирани со повреди од поплавите што го погодија регионот Иркутск на југоисток од Сибир, изјави денеска рускиот заменик-министер за вонредни состојби Павел Беришев. До петок попладне, беа пријавени 22 смртни случаја, додека 15 лица се исчезнати. -За жал, 22 лица загинаа, 410 се хоспитализирани, а медицинска помош беше обезбедена во амбуланти за 2.165 луѓе, рече Беришев. Поплавите во регионот Иркутск почнаа на крајот од јуни, а досега се погодени 103 населени места. Поплавени се повеќе од 10.150 куќи со речиси 33.000 луѓе. Во регионот е прогласена вонредна состојба. Властите објавија дека нема опасност од заразни болести.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија