Швајцарија се повлече од преговорите за нов договор со ЕУ
Швајцарија се повлече од новиот планиран договор за билатерални односи со Европската унија по седум години преговори, а швајцарскиот претседател Гај Пармелин се повика на несогласување за клучни точки.
Нема мнозинство за нацрт-договорот, кој беше на маса од крајот на 2018 година, соопшти Пармелин денеска.
– Националниот совет утврди дека разговорите со ЕУ во три области не доведоа до неопходните решенија. Затоа, Националниот совет донесе одлука за завршување на преговорите, рече тој.
Европската комисија соопшти дека жали за едностраната одлука на швајцарската Влада, „со оглед на напредокот што е направен во текот на последните години за реализација на Институционалниот рамковен договор“.
Договорот ќе беше основа за понатамошен развој на односите меѓу ЕУ и Швајцарија, се вели во писмената изјава на ЕК.
Швајцарија не е членка на ЕУ, но е вклучена во многу европски проекти преку билатерални договори. Исто така, има пристап до внатрешниот пазар на ЕУ и за возврат овозможува слободно движење на луѓето.
За новиот рамковен договор се преговара од 2014 година. Меѓу другото, тој треба да ги регулира ажурирањата и да утврди како се арбитрираат споровите.
Сепак, синдикатите, уставните адвокати и десничарската Народна партија во Швајцарија – најсилната фракција во Националниот совет – регистрираа нови правила што не сакаа да ги прифатат.
Во прашање, меѓу другото, беа правилата за државна помош, мерките за заштита на високите плати во Швајцарија и пристапот на граѓаните на ЕУ до швајцарските фондови за социјално осигурување.
– Швајцарија останува сигурен партнер на Европската унија, истакна министерот за надворешни работи Игнацио Касис. Тековните билатерални договори ќе продолжат, како и разговорите за нови договори.
Ново на Сител
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух
-
СДСМ: Власта да не го игнорира загадувањето
-
Грипот и респираторниот синцицијален вирус ја наполнија клиниката “Козле” со болни деца
-
Граѓаните на Шуто Оризари се решени ѓубрето од дома да го однесат пред Град Скопје, вели Османовска
-
Нема откуп на годишната реколта на ориз, министерот смирува, ќе се откупува за стокови резерви