Бизнис
4. March 2021 - 21:28

Што подразбира протоколот за угостителските објекти за свадби?

Ќе почнат ли со работа рестораните за организрани настани? Владата го добила новиот протокот за нивно рестартирање. Во наредните денови ќе биде испратен до Комисијата за заразни боелсти, која ќе го има крајниот збор за тоа дали сопствениците на овие локали наскоро ќе може да ги отворат вратите за гостите.

Новиот правилник кој предвидува да нема играње и да има тивка музика ја разбранува јавноста. Организаторите на прослави појаснуваат дека не станува збор за проткол за свадби туку за правилник со кој би им се дозволило да почнат да работат како останатите кафеани. А веќе по велигденските празници се надеваат дека на отворено ќе можат да организираат и свадби со почитување на сите заштитни мерки.

И музичарите сметаат дека треба да им се дозволи да почнат да работат. Предлагаат музиката во рестораните да биде поставена на 5 метри од гостите и да бидат запазени сите мерки.

Организаторите на свадби најавуваат стечај, ако за брзо време не им се тргне забраната за работа. Речиси една година се затворени, а загубите растат поради режиските трошоци кирии, кредити и сметки.