Бизнис
11. April 2024 - 16:40

Светска банка прогнозира најнизок раст и највисок буџетски дефицит во регионот

Македонија со најнизок раст,  а највисок буџетски дефицит во регионот. Светска банка прогнозира економијата годинава да порасне само 2,5%, инфлацијата да се задржи на 3 отсто, а буџетскиот дефицит  да надмине 4%. 

Цените на храната и енергенсите се стабилизираат и се враќаат на ниво пред пандемијата, но ризок за подгревање на инфлацијата можат да бидат зголемените плати, кои не ја следат продуктивноста на вработените.

Загрижувачки се податоците на Светска банка дека сиромаштијата во регионот се зголемува.  Секое второ домаќинство едвај преживува со плата, не му останува ништо да заштеди, а ако еден член остане без работата, со парите ќе  можат да се издржуваат само 2 недели. Сепак, и во вакви услови, граѓаните не го смениле менталниот склоп, односно високите цени не ги натерале да  штедат.   Таков е примерот со електричната енергија.  Иако цените се зголемиле, потрошувачаката не се намалила.

Кај нас сметките за струја се зголемија за 50% и сите почнавме да се прилагодуваме, да штедиме. Овде се покачи цената, но не видов некој помалку да троши. Вашата земја намени многу средства за да ја задржи цената на електричната енергија на најниско ниво во регионот и ова има влијание врз буџетот. Гледаме дека дефицитот е многу поголем од други земји во Западен Балкан. Има трошок што треба да се плати за спроведување на овие мерки, но дали се тие одржливи на долг период? Најверојатно не, бидејќи чинат пари, а не го менуваат однесувањето, ниту структурата на економијата, изјави Сања Маџаревиќ-Шујстер.виш економист во Светска банка.

Од банката не се за замрзнување на цените, мерка, која сметаат дека има само привремен ефект, туку за спроведување на структурните реформи, изградба на автопатските делници,  инвестиции во енергетиката, земјоделиетото и побрза  зелена транзиција