Штипското обвинителство отвори предмет за бегството на Игор Спасов
Штипското јавно обвинителство по допрен глас отвори предмет за бегството на поранешниот специјалец Игор Спасов, којшто е осуден на казна затвор од 14 години за убиство на Мартин Нешковски. Од обвинителството за МИА сопштија дека ќе се истражува целокупната медицинска документација за бегалецот Спасов, којшто една година бил на лекување, а не во Затворот во Идризово, а ќе се проверува и постапката по која е донесено решението.
Портпаролот и судија во Основниот суд во Штип, Јулијана Неткова во телефонскиот разговор за МИА вели дека за отварање на предмет од страна на јавното обвинителство за бегството на Спасов првпат слушнала од новинарите. Инаку потврдува дека од страна на Судскиот совет е побарано да им се достави предметот за Спасов.
Меѓународна потерница по Спасов е распишана на 29 октомври годинава, откако истражните органи не го пронајдоа на територија на Штип и на целата држава. Тој требаше да се јави во Затворот „Идризово“ на 18 октомври. Бегалецот Спасов казната затвор ја издржува од 2011 година. Тој е прогласен за виновен за убиството на Мартин Нешковски, кое се случи вечерта по прославата на ВМРО-ДПМНЕ на градскиот плоштад во Скопје на парламентарните избори.
Ново на Сител
-
Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
-
Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки
-
Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
-
Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ