Штипската Клиничка болница доби нова опрема за уво, нос и грло
Штипската Клиничка болница доби медицинска опрема вредна 20.000 евра. Директорот на Клиничка болница-Штип, Александар Стојановски вели дека станува збор за четири софистицирани апарати за Одделението за уво, нос и грло, кои на располагање на пациентите и на лекарите се ставени во функција од денеска.
- Набавени се Ригиден оптички ларингоскоп, Флексибилен фибероптички назофарингоскоп, Хибриден тимпанометар и Аспиратор за сукција со педала за потребите на Одделението за уво, нос и грло, вели Стојановски.
Оториноларинголог Озрен Спасков вели дека новата опрема ќе ја користат околу 200.000 жители на источниот регион, а пациентите наместо во Скопје прегледите ќе ги вршат во штипската Клиничка болница.
- Ќе имаме подобра дијагностика, како и подобри резултати во понатамошното лекување, вклучувајќи го овде и лекување од ларингијални карциноми, вели Спасков.
Апаратите се набавени во соработка со Центарот за развој на Источниот плански регион, преку европскиот проект за Интеграција на европските стандарди во здравството, а во кој е вклучено и Здружението на лекари од благоевградскиот регион во Р. Бугарија.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Стојановски вели дека повторно во соработка со Центарот за развој на Источно планскиот регион очекуваат и други донации за оваа здравствена институција :
- Заедно со Центарот работиме на проект за донација од јапонската Амбасада, од каде очекуваме да добиеме две амбулантни возила. Исто така, очекуваме уште една донација од наши иселеници во Швајцарија, рече Стојановски.
Според податоците на Клиничка болница на Мој термин во амбулантата на уво, нос и грло месечно се прегледуваат околу 450 пациенти од источна Македонија, а најмалку уште 200 престојуваат на одделението.
Големата фреквенција е и поради тоа што оператива во ларингијалната област во државното здравство се врши само во Скопје, Битола и Штип.
Ново на Сител
-
Четири рочишта против Мерко
-
Дневно и по 200 деца со респираторни инфекции завршуваат на Детска и во клиниката “Козле”
-
Алијанса на пациентски орг. - лекови за онколошки болни што поскоро и вкл. на алијансата при носење на здрав. политики
-
Мицкоски следната недела ќе се сретне со синдикатот на УПОЗ
-
„Генерален штрајк“ во Србија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот