Шпионска афера го тресе Милан
Претходното раководство на Милан според весникот „Ла република“ ангажирало приватни детективи кои ги следеле спортските новинари и во исто време ги проверувале компјутерите и телефоните на вработените во клубот.
Според весникот последните месеци на водството на Кинезот Јонгхонг Ли биле одбележани со параноја за „истекување“ на информации, а ова доаѓа во јавноста само бидејќи поранешниот директор на клубот, Марко Фасоне го тужи Милан за нелегално отпуштање.
Според весникот, Милан ја ангажирал детективската агенција „Карпинвест СРЛ“ да ги следи Енрико Куро и Лука Пањи од „Ла република“, Карло Феста од „Ил соле 24 оре“ и Тобија де Стефано од „Либеро“. Ова не било евтино, и новите сопственици „Елиот менаџмент“ биле изненадени од сметката од 80.000 евра за услугите на „Карпинвест СРЛ“. Следењето на новинарите се одвивало од 19 февруари до 2 март, а биле вклучени четири детективи и два автомобили.
Ова не била единствената мерка – клубот барал пристап до лаптоповите, таблетите и телефоните на директорите на „росонерите“, а потоа побарале и детални извештаи од „Телеком Италија“ за четири вработени: Агата Фриџерио, Џузепе Манџарано, Џована Циан и Анџела Цука, а покрај тоа била ангажирана и компанија да ги претресе канцелариите на клубот за можни уреди за прислушкување.
Ново на Сител
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“