Шпенд Маџуни нов косовски прв разузнавач
На предлог на косовскиот претседател Хашим Тачи, а со согласност на премиерот Рамуш Харадинај, за нов директор на косовската тајна служба АКИ е именуван Шпенд Маџуни.
Како што јави дописникот на МИА, Маџуни, досегашен генерален директор на косовската полиција, доаѓа на местото на Дритон Гаши, кој поднесе оставка на барање на Хараднај, по случајот со апсењето и депортацијата на шестмината турски државјани во Турција.
Тие беа депортирани на барање на Турција под обвинение дека се следбеници на движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека е организатор на обидот за воен удар во земјата во јули 2016 година.
Поради депоратцијата на шестемина Турциа, Харадинај од функцијата министер за внатрешни работи го разреши и Фљамур Сефај и на негово место го именува Бејтуш Гаши.
По именувањето на Маџуни за бов косовски прв разузнавач, за вршител на должноста генерален директор на полицијата на Косово е поставен актуелниот заменик генерален директор Наим Реџа.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра