Шпанскиот амбасадор за Мицкоски: Пример за едноставност, чекаше ред на аеродром како сите други
Шпанскиот амбасадор во земјава Рафаел Сориано Ортиз, денеска преку објава на социјалната мрежа Икс, го пофлали премиерот Христијан Мицкоски кој утринава, како што е наведено во објавата, на Скопскиот аеродром ги минал сите формалности како и сите други патници.
- Утрово фатив лет за Истанбул. Во редот за туристичко пријавување го сретнав премиерот Христијан Мицкоски кој ги помина формалностите, вклучително и соодветните контроли, како и секој друг патник. Пример за едноставност и нормалност. Браво!, напиша Ортиз на мрежата Икс.
Претходно, како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски денеска патува во посета на Република Турција. Премиерот ќе има средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, при што ќе биде потпишана заедничка политичка декларација за основање Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Северна Македонија. Овој Совет се основа со цел продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво.
Ново на Сител
-
Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
-
Ден на ретките болести - Пациентите побараа државата да донесе национална стратегија
-
Детска Клиника преполна со болни деца од респираторни инфекции
-
Дурмиши: Нема да се толерира картелско здружување на ланците маркети
-
Електронски ќе се вади уверение за остварен доход
-
Почнуваат карневалските денови
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања