Шолц: Сега е време да се одлучиме за заеднички план за да и понудиме на Украина стабилно финансирање
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска повика на едногласна одлука на сите 27 земји-членки на ЕУ за договор за заеднички план со кој ќе и понудат на Украина стабилно финансирање во наредните години.
„Верувам дека сега е вистинското време да се донесе одлука“, изјави Шолц по пристигнувањето на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.
Тој додаде дека ќе работи многу напорно за да се постигне договор меѓу сите 27 земји-членки.
Естонската премиерка Каја Калас, пред самитот, рече дека земјите-членки треба да се договорат за долгорочен пакет помош за Украина.
Бидејќи унгарскиот премиер Виктор Орбан е единствениот меѓу 27-те лидери кој не се согласува со договорот и бара гласање секоја година за долгорочна помош за Украина, Калас рече дека „образецот за повторно преговарање“ во врска со помошта за Украина не треба да се врати.
Самитот на Европскиот совет се смета за последна шанса за постигнување договор за четиригодишен план за обезбедување финансиска помош за Украина од 50 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Дојавите за бомби во хрватските училишта биле испратени од сервер во Африка
-
Членови на семејството на Фросина во Јавното обвинителство биле информирани за текот на постапката и прибраните докази
-
Без струја утре делови од Арачиново, Илинден, Карпош и Сопиште
-
Креативците од ООУ „Гоце Делчев“ - Центар ги насликаа културните наследства во општината
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел