Македонија
6. February 2025 - 18:07

Членови на семејството на Фросина во Јавното обвинителство биле информирани за текот на постапката и прибраните докази

Членови на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајна несреќа на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ биле запознати со постапката и со прибраните докази против обвинетиот 20-годишен возач, а во текот на утрешниот ден нивниот бранител ќе изврши дополнителен увид во доказите.

-Членови на семејството на жртвата во својство на оштетени и законски застапници дадоа исказ и се запознаа со постапката и со прибраните докази. Во текот на утрешниот ден нивниот бранител ќе изврши и дополнителен увид во доказите, потврдија од Јавното обвинителство.

Дваесет и двегодишната Фросина Кулакова на 29 јануари беше прегазена на пешачки прекин во Скопје. На 20-годишниот возач му е определен притвор од 30 дена. Тој се товари дека делото го сторил до умисла поминувајќи на црвено светло, без возачка дозвола и под дејство на алкохол. За него и претходно имало други кривични пријави.

Ново на Сител