Шолц против буџетските правила на ЕУ во случајот со Италија
Италија мора да потроши милијарди евра за да ја поддржи својата економија во борбата против негативните влијанија од новиот коронавирус и нејзините напори не треба да бидат загрозени од преригорозното толкување на европските буџетски правила, изјави денеска германскиот министер за финансии Олаф Шолц.
– Потребна ни е солидарност во Европа. Земјите како Италија сега мора да потрошат милијарди за да ја поддржат својата економија. Не сме да се дозволи тоа да не успее поради претерано тесните интерпретации на правилата, посочи Шолц.
Тој го повтори својот став дека е прерано да се користат средства од Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ) за пружање на помош на земјите од еврозоната поради Ковид-19.
– Доколку настаните ја сменат насоката, ние ќе ја извршиме нашата должност, истакна Шолц.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест