Шилегов: Скопските семејства со деца ќе заштедат и до 400 евра годишно со финансиска поддршка на Град Скопје
Кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов нагласи дека согласно новите најавени мерки просечно скопско семејство со две деца или повеќе деца во градинка и основно училиште, на годишна основа ќе може да заштеди меѓу 350 и 400 евра на храна.
-Објавените мерки за субвенционирање на оброците за храна во скопските градинки и основни училишта на едно просечно скопско семејство со две деца, на годишна основна може да му овозможат заштита помеѓу 350 и 400 евра, покажуваат деталните пресметки. Така, семејствата кои имаат само едно дете во градинка ќе можат да заштедат до 150 евра годишно, благодарение на помошта и субвенционирањето од страна на градот, а двојно или тројно повеќе ќе заштедат оние семејства кои имаат две или три деца во градинка, основно училиште, вели Шилегов.
Со ваквите мерки, додава тој, просечното плаќање од 1450 денари за градинка во Скопје, се намалуваат до 700 денари месечно. Шилегов вели дека кога на ваквата мерка ќе се додаде и таа за субвенционирање на храната за учениците во основните училишта, со 50 отсто од сумата на чинење, која сега изнесува околу 2000 денари месечно, тогаш пресметките покажуваат дека родителите на годишна основа ќе може да заштедат и до 200 евра.
-На овој начин, значајно се олеснува семејниот буџет, а родителите ќе плаќаат поевтини оброци за сопствените деца, кои градот и општините ќе ги субвенционираат со 50 отсто од вредноста. Како додадена вредност кон ваквите мерки е и онаа за добивање на бесплатно овошје за сите средношколци, со што директно се промовираат здравите навики кај младите поколенија. Со сите овие предлог мерки, градоначалникот Шилегов во следните четири години ќе овозможи поинаква социјална слика на градот, а Скопје ќе стане социјално свесен град, каде граѓаните ќе имаат посреќни мигови и поквалитетен начин на живот, наведуваат од неговата прес-служба.
Ново на Сител
-
МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот
-
Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите
-
Мицкоски: Потенцијална инвестиција од една милијарда евра во когенеративна гасна постројка
-
Продолжување на судењето на Урош Блажиќ за масовното убиство во Дубона и Малo Орашје
-
Кривична за помошник министер во Центарот за обука - Оштетен буџетот на МВР за 189.777 денари
-
Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Британски суд осуди албански државјанин, кој извршил грабеж и во вилата на фудбалската ѕвезда, Рахим Стерлинг