Шетањето на домашните миленичиња во нови термини од почетокот на новиот полициски час
Согласно новото време за ограничено движење Владата донесе измени во однос на отстапките за граѓаните што имаат куче како домашно милениче, според што од понеделник до петок може да ги изнесуваат надвор од своите домови во временскиот период пред започнување на забраната и посебниот режим на движење, односно до 19 часот.
Во сабота домашните миленичиња може да се изнесуваат во времетраење од 30 минути, во вечерните часови, односно од 20 часот до 20:30 часот, а во недела наутро од 8 до 8:30 часот, попладне од 15 до 15:30 часот и во вечерните часови од 20 до 20:30 часот.
Притоа, како и до сега, ова е дозволено граѓаните да го прават најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат и да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.
Ново на Сител
-
Земјоделците се жалат, УЈП испраќа опомени, но не ги исполнува своите обврски
-
Oрганизиран превоз во општините за ученици
-
Детектор: Жените ги рушат бариерите
-
Преглед на вестите од светот
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда