-->
-->
Шестмина повредени во страшната сообраќајка на Партизанска
-->
Шест лица се повредени во сообраќајната несреќа што утрово во четири часот се случила на крстосницата кај булеварите „Партизански одреди“ и „8. Септември“во Скопје меѓу четири автомобила. Со тешки телесни телесни повреди се здобила сопатничка во едно од возилата.
Како што информираат од СВР Скопје, сообраќајката се случила меѓу патничките возило „Ауди А6“, управувано од В.Д. (1945) од Скопје, „Мерцедес Ц 200“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К. (1981) од Скопје, „Опел астра“ со скопски таблички, управувано од Д.С. (1991) и возило „Фиат Линеа“ со струшки регистарски ознаки управувано од Љ.У. (1989).
По сообраќајната незгода возачите В.Д и С.К. со возило на Брза помош биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, Љ.У. и неговиот сопатник А.Т (1994) од Скопје во клиниката „Свети Наум Охридски“, а Д.С. и сопатничката О.Ц. (1991) Скопје во Ургентен центар. Кај О.Ц. се констатирани тешки телесни повреди, фрактура на вратен пршлен. На натамошно лекување се задржани и возачите С.К. и Д.С., кој е препратен на Очната клиника, додека В.Д., Љ.У и А.Т, кај кои имало телесни повреди се пуштени на домашно лекување.
.be
.be
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново