Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Земјава за само една година успеа да ја поправи својата стабилност на Глобалниот мировен индекс за 23 места. Ваквиот напредок во споредба со 2018-та, е резултат и на Преспанскиот договор, смета вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
Индексот кој ги рангира земјите од „најбезбедна“ до „најнебезбедна“, се пресметува врз основа на 23 фактори, меѓу кои и внатрешни и надворешни конфликти, воени трошоци, тероризам, убиства и криминал.
Земјава, според листата, е меѓу петте држави што го подобриле својот резултат. Направи скок за 23 места и го дели 65. место со Грција.
Како што соопшти Владата, овие резултати покажуваат дека Северна Македонија и нејзината посветеност на напорите за европско и евроатлантско интегрирање сериозно придонесува не само кон регионалната туку и глобалната безбедност, мир и стабилност.
-Анализата за стабилноста и мирот во сите земји во светот покажува дека Северна Македонија е во петте земји кои го подобриле својот резултат. За само една година сме успеале да ја поправиме својата стабилност на Глобалниот мировен индекс за 23 места. Без стабилност и мир нема економски напредок. Нашите граѓани го знаат значењето на стабилноста и мирот. НАТО е рецепт кој дава резултати – тоа го видовме оваа година и во делот на економијата, истакна синоќа Шекеринска, учествувајќи на жешкото столче во емисијата „Топ Тема“.
На листата се рангирани 163 држави и согласно истражувањето што го направи Австралискиот институт за економија и мир, во споредба со периодот од пред една деценија, светот во 2019-та е најбезбеден во последниве пет години.
Ново на Сител
-
Како линеарното покачување на пензиите ќе влијае врз ПИОМ?
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-
100 дена Влада - Интеграција во ЕУ и подобрување на животниот стандард
-
Опозицијата за 100 дена Влада: Скандали, изговори и неисполнети ветувања
-
Пензионерите ги добија пензиите зголемени за 2.500 денари
-
Со средба во Прилеп пензионерите од повеќе градови од Македонија го одбележаа покачување на пензиите
-
Бизнисот разочаран, Синдикатот воздржан од 100-те дена нова Влада
-
Бактерија Стафилокока најдена во “бомбиците” кои ги јаделе децата од ОУ “Ѓорѓија Пулевски“