Опозицијата за 100 дена Влада: Скандали, изговори и неисполнети ветувања
100 дена Влада, 100 дена изговори- за прв пат по седум години падна просечната плата, минималната не се зголеми, ветувањата за зголемување на платите на наставниците останаа само ветувања, нема решавање на епскиот криминал и криминалци зад решетки- се впечатоците на опозициската СДСМ од 100те дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ги партизирале и институциите и граничните премини.
Најлоши 100 дена на било која Влада досега, оцени опозицискиот лидер Венко Филипче. Наместо интеграција, добивме изолација и се закопа европскиот пат за Македонија.
Според Филипче, победата на изборите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се должи на величенствената кампања која ја имале која се темелела на лаги, а од неа ништо не оствариле.
Единственото во овие 100 дена што новата Влада го направи е задолжување од Унгарија и нова ограда пред Влада.
Ниту од опозициската Левица не останаа должни да ја искритикуваат власта за 100те дена владеење.
Бришење на името Македонија и секој негов писмен траг, прифаќање на Преспанскиот договор, национални понижувања и дипломатски скандали, злоупотреба на службената положба и зголемување на бројот на министерствата, воведување нови директори и најавување на енормни задолжувања, се дел од „успесите“ кои ги донесе новата Влада, во првите сто дена владеење, соопштуваат од Левица.
Од ДУИ днеска молк, за утре имаат најавено настан 100 дена влада-100 дена скандали и неуспеси.
-
Тамара Дичоскa
Сите содржини од овој новинар