-->
-->
Шекеринска- Каракачанов: Помош од Бугарија во борбата против корона вирусот
-->
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска имала телефонски разговор со министерот за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов, во кој бугарскиот колега најавил директна помош во борбата против корона вирусот.
– Министерот Каракачанов најави директна помош од Бугарија во заштитата на нашите граѓани од ширењето на Ковид-19, како и можност за користење на нивните капацитети за итни ситуации, информираат од Министерството за одбрана.
Во разговорот бугарскиот колега и честитал на министерката Шекеринска на членството во НАТО.
Двајцата министри, стои во соопштението, изразиле взаемна поддршка во борбата против пандемијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце