Шекеринска: Државна позиција е дека Македонците со својот македонски јазик чекорат напред кон Европа
Став на партијата, на Владата, на претседателот Заев, но и државна позиција е дека македонската иднина е во Европската Унија, објави попладнево заменик претседателката на СДСМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил.
Таа, по објавувањето на партиското соопштение преку кое информираат дека партијата стои зад ставовите на претседателот на СДСМ Зоран Заев, напиша дека државна позиција е дека Македонците со својот македонски јазик чекорат напред кон Европа, кон просперитет и кон пријателство со сите соседи.
-Секој има право на свое мислење и став, дури и кога доаѓа после години молк. Но граѓаните и СДСМ, одамна и на време избраа европска иднина. Избраа да носат храбри и патриотски одлуки, кои конечно и практично ја движат македонската држава и целиот наш македонски народ кон исполнување на стратешките цели НАТО и ЕУ. Денеска резултатите на политиките на СДСМ и на Владата предводена од СДСМ се видливи на дело, а не само на зборови, соопштија претходно од СДСМ.
Оттаму порачаа дека денешното обраќање на поранешниот претседател, Бранко Црвенковски, како што велат, после долги години молк и немање став за важни државни или национални прашања, нека го толкуваат граѓаните. Дали е тоа принципиелен однос кон својата партија и кон членството на СДСМ, ќе ценат членовите на СДСМ и граѓаните, наведоа од СДСМ.
Претходно Црвенковски во јавно обраќање наведе дека го замрзнува членството во СДСМ и повика итно да се свика ЦО на партијата, оценувајќи дека тезите од интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС предизвикаа и ќе предизвикуваат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и македонската држава.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица