Шефот на изборниот штаб на Трамп поднесе тужба против обвинителот Мјулер
Поранешниот шеф на изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп, Пол Манафорт поднесе тужба против специјалниот обвинител Роберт Мјулер и Министерството за правда на САД поради „надминување на овластувањата“ во истрагата за евентуланите врски меѓу Русија и соработниците на тогашниот републикански кандидат, што, според некои, влијаело на резултатите од претседателските избори во САД во 2016 година.
Според Манафорт, кој лани во октомври беше обвинет за перење пари додека работел како лобист, Министерството за правда и ресорниот потсекретар Род Позенстајн му дале на Мкулер „многу голема независност“ во спроведувањето на истрагата.
Мјулер ги истражуваше консултантските активности на Манафорт за поранешниот проруски украински претседател Виктор Јанукович, што тој ги вршел пред американската предизборна кампања.
- Истрагата на Манафорт е целосно одвоена од правните овластувања на специјалниот обвинител за „сите врски и координации меѓу руската Влада и лица кои беа поврзани со кампањата на Трамп, се наведува во тужбата.
Во текстот се посочува дека, консултантските активности на Манафорт со Јанукович, кои се од пред 2014 година, немаат никакви врски со претседателските избори од 2016 година или со Трамп.
- Мјулер сепак може да ги истражува сите прашања кои директно или индиректно произлегуваат од евентуланите врски на соработниците на Трамп и Москва, се истакнува во тужбата,
Според Манафорт, толко широките овластувања на Мјулер не се предвидени со правилникот на американското Министерство за правда.
Ново на Сител
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кузеска