Шарл Мишел ќе се кандидира за европратеник
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ќе се кандидира за избор во Европскиот парламент (ЕП) во јуни и ќе се повлече од сегашната функција доколку биде избран, соопшти вчера во интервју за белгискиот весник „Стандард“, пренесе БТА.
-Одлучив да се кандидирам на европските избори во 2024 година“, вели Мишел, додавајќи: „Ако бидам избран, ќе седнам на моето место (во Европскиот парламент). Европскиот совет може да го предвиди развојот и да го одреди (мојот) наследник до крајот на јуни – почетокот на јули“.
Четириесет и осумгодишниот Мишел е поранешен премиер на Белгија, а од крајот на 2019 година е на чело на Европскиот совет.
Тој ќе се кандидира за Европскиот парламент како водечки кандидат на неговата партија, белгиското централно-десничарско „Движење за реформи“, пренесува „Стандард“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот