Шапуриќ: Планот за економски раст на Владата стимулира нови инвестиции
Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ оствари работна посета на општина Радовиш и компании од општината.
Како што соопштија од кабинетот на Шапуриќ, при посетата на компанијата „Металпромет“, менаџментот изразил благодарност до Владата за склучениот Договор за финансиска поддршка, и било истакнато дека токму пред околу една година кога министерот го претставувал Планот за економски раст, поточно Законот за финансиска поддршка, тие биле стимулирани да изготват бизнис план по кој реализирале инвестиции и притоа го зголемиле извозот.
Министерот Шапуриќ ја посетил и компанијата „Фунги Флора“, каде се разговарало за постојната бизнис клима во државата и плановите на Владата за натамошна поддршка на инвестициите и зголемување на конкурентноста.
Во општина Радовиш министерот одржа состанок и со градоначалникот Герасим Конзулов, пратеничката Милева Горгиева и други претставници на општината, каде беа претставени проблемите со кои се соочуваат при своето работење како и плановите за натамошни активности особено оние што ќе овозможат отворање на нови производствени погони.
Ново на Сител
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти