Продажбата на „Тесла“ на пазарот на ЕУ со пад од 45 отсто
Продажбата на „Тесла“ на пазарот на ЕУ продолжи да паѓа во првиот квартал од 2025 година, со намалени регистрации за 45 отсто на годишно ниво, покажаа податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).
Во ЕУ, бројот на регистрирани возила на „Тесла“ падна на 36.167 во споредба со 65.774 во првите три месеци од 2024 година, што е најголем релативен пад во тој период меѓу големите производители на автомобили.
Продажбата на „Тесла“ во Европската унија падна за 36 отсто во март во споредба со март 2024 година.
Тоа е продолжување на негативниот тренд за американскиот производител на автомобили во сопственост на милијардерот Илон Маск, иако падот е малку забавен во однос на почетокот на годината.
Помеѓу јануари и февруари, регистрациите паднаа за 49 отсто на годишно ниво.
Групацијата Фолксваген забележа благ пораст од речиси 5 отсто, додека БМВ забележа скромен пораст од 0,4 отсто. Мерцедес-Бенц, пак, забележа пад од 6,2 отсто.
Севкупно, регистрациите на нови автомобили во Европската унија се намалија за 1,9 отсто во првиот квартал, иако електричните возила (ЕВ) забележаа раст од 23,9 отсто, достигнувајќи пазарен удел од 15,2 отсто.
Регистрациите на електрични автомобили значително се зголемија во март во Германија, Белгија и Данска, а почнуваат да се зголемуваат во Шпанија и Италија, кои заостануваат далеку зад нивните европски соседи.
Од друга страна, тие се намалија во Франција (-14 отсто во однос на март 2024 година), каде се уште се чувствуваат ефектите од намалувањето на еколошкиот бонус.
Сигрид де Врис, генерален директор на ACEA, смета дека овој напредок во електричните возила во Европската унија не е доволен за автомобилското лоби, што укажува на „цврстиот јаз меѓу амбициозните цели за декарбонизација и реалноста на побавно од очекуваното прифаќање од страна на потрошувачите“.
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје