Серискиот убиец од Лос Анџелес осуден на смрт
Серискиот убиец од Лос Анџелес Лони Дејвид Френклин Џуниор (63) е осуден на смрт, со едноглсна одлука на членовите на судската порота.
Френклин беше обвинет за брутално убиство на девет жени и една 15-годишна девојка.
Сите убиства биле извршени во периодот меѓу 1985 и 2007 годиина.
Според Обвинителството, тој ги следел младите жени, сите афро-американки, а потоа ги убивал со огнено оружје или со давење.
Мртвите тела на несреќните жени, најчесто ги оставал во слабо населени улици, на периферијата од градот, во кој имало малку минувачи.
Во текот на судскиот процес, Френклин беше суден и за еден обид за убиство, на неговата единаесета жртва која, сепак, го преживеала нападот, откако била силувана, застрелана, а потоа исфрлена од автмобил во возење.
Овој инцидент потекнува од 1988 година, по што Френклин престанал со злосторствата, правејќи „пауза“ од 14 години.
Не е јасно зашто го направил тоа, освен дека веројатно се исплашил оти може да биде фатен, но медиумите му извадија прекар „суровиот спанко„.
Овој поранешен собирач на смет во Лос Анџелес бил откриен откако полициската истрага почнала поинтензивно да го истражува последното убиство, што се случило во 2007 година.
Полицајците тогаш откриле дека ДНК анализата од синот на Френклин Џуниор, кој се наоѓа во затвор, покажала сличност со генетските докази, најдени на некои од жртвите.
Ново на Сител
-
Полицијата пронашла 31 дете во куќа во Брчко, уапсени три лица за трговија со луѓе
-
Мицкоски во Неготино
-
Владата го усвои предлогот за разрешување на Коцевски
-
16-годишник од Куманово со „ауди“ удрил во бетонска ограда од куќа и се здобил со тешки телесни повреди
-
Не застанале на знак за сопирање од страна на полиција, и притоа фрлиле марихуана од возилото во движење, кривична за две лица
-
Одложено судењето за убиството на кучето Феликс
-
Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари
-
Ватикан: Папата Франциск и денеска е во критична состојба, поминал мирна ноќ