-->
-->
Серија А: Наполи и Рома се „тркаат“ за второто место
-->
Двете екипи од Серија А (Наполи и Рома) ја продолжуваат борбата за второто место и директно учество во Лигата на шампионите. Вчера на дуелите од 36.коло и двата тима победија. Наполи ја победи Аталанта со 2:1, а најзаслужен за триумфот беше Игуаин, кој ги постигна двата гола за Наполи.
Рома ја совлада на гости Џенова со 3:2, иако домашниот тим водеше со 2:1. Но, пресвртот повторно го навести Тоти кој изедначи во 77.минута, а потоа Ел Шарави постигна гол за победа во 87.минута.
Во редовите на Џенова во игра влезе македонскиот репрезентативец Горан Пандев во 82.минута. Ова за него беше прв натпревар по повредата.
Шампионот Јувентус има 88 бодови, а Наполи 76, додека Рома има 74.До крајот во Серија остануваат уште две кола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Што доби, а што загуби Македонија од договорот од Преспа?
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Александар Бајдевски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Трагедија на Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Како социјалните мрежи можат позитивно да го променат животот на еден млад човек
-
Граѓаните извисија: Три часа евтина струја преку ден летово ќе нема, сега ќе се крои новата цена за од 1 јули
-
Тешко до работа преку Отворен Балкан