Сенатот на САД повика на преместување на американската Амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим
Сенатот на САД повика на преместување на американската Амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим, јави ТАСС.
Мерката, што повикува на примена на соодветниот закон од 1995 година, беше донесена од Горниот дом на американскиот Конгрес со 90 гласови „за“ и ниту еден „проти“.
Ниту еден досегашен претседател на САД не се одлучи да ја побара оваа релокација, за да не им наштети на перспективите за постигнување на мировен договор меѓу Израел и Палестинците.
Статусот на Ерусалим е еден од клучните проблеми пред решавањето на конфликтот.
Преместувањето на Амбасадата од Тел Авив во Ерусалим е предизборно ветување на новиот американски претседател Доналд Трамп.
Тој сепак, засега, се откажа од негово исполнување со цел да не им наштати на напорите за постигнување на договор за мир.
Ново на Сител
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново