-->
-->
СЕХА: Макс Струмица ја пречекува Војводина
-->
Ракометарите на Макс Струмица (поранешен Зомимак) попладнево во салата „Парк“ во Струмица ја пречекуваат Војводина, шампионот на Србија. Макс Струмица како вицепрвак на Македонија избори настап во ова натпреварување.
Ова всушност е деби на струмичани во ова натпреварување.
- Нашиот настап во СЕХА лигата е голем момент за нас. Како и на секој друг почеток, така и тука ние сакаме да почнеме со победа. Квалитетот на Војводина е приближно ист како и нашиот, но тие имаат повеќе искуство во ова натпреварување. Се надевам на добар настап, изјави тренерот Марјан Андонов.
За струмичани ќе нема многу време за корекција и за одмор бидејќи веќе во среда го играат и вториот дуел против екипата на Татран Прешов.
Вториот наш претставник во ова натпреварување првакот Вардар, првиот натпревар ќе го игра во среда (2.септември) против Војводина.
Во првиот натпревар од новата сезона Мешков Брест го победи Спартај со 40:28.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Има ли начин да се подобрат односите Скопје-Софија?
-
Коридорот 8 од железничката пруга продолжува со градба, брзата пруга за Солун е приоритет
-
Ќе има ли реално поевтинување на основните производи со ограничените маржи?
-
Стружани бараат затворање на казината
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски трошел во ресторани а земјоделците чекале субвенции
-
Системот „Безбеден град“ се проширува, казни на домашна адреса засега ќе нема
-
Спелеолошки истражувања во изворите во Црна Река
-
Манастирот во Вељуса преполн со верница за празникот Мала Богородица