Седум нови случаи со Ковид-19 во тетовско
Центарот за јавно здравје Тетово информира дека седум новозаболени од Ковид-19 се регистрирани во текот на изминатото деноноќие во тетовско.
-Од вкупно седум, пет случаи се жители на општина Тетово, додека по еден случај има во местата од општините Теарце и Брвеница, информираше д-р Зорица Зафироска, специјализант по епидемиологија при Центарот за јавно здравје во Тетово.
Од тетовската полиција информираат дека во тетовско до седум часот утринава се бележат 29 нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
-Извршени им биле контроли на 587 лица со вакви решенија и не биле констатирани неправилности околу почитувањето на решенијата, информираат од СВР Тетово.
Во текот на изминатото деноноќие, за неносење заштитни маски на вкупно 30 лицa изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.
Ново на Сител
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор
-
УХМР: Следните два дена топло, потоа локален пороен дожд и ветер
-
Нелегално оружје и муниција одземени од стружанец, за дел поседувал дозвола
-
Три месеци затвор за убиството на кучето Феликс
-
Лекар во Струшката болница го оштетил буџетот на установата за два милиони денари
-
Кривична пријава за дебранец за недозволено изработување и трговија со оружје и муниција
-
Лим од заштитна ограда на градилиште падна врз велосипедист кај „Беко“