Лекар во Струшката болница го оштетил буџетот на установата за два милиони денари
Струшката полиција поднесе кривична пријава против доктор во Општата болница, кој со несовесно работење го оштетил буџетот на установата за околу два милиони денари, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, ОВР Струга поднела кривична пријава против К.С.(42) од Струга, вработен доктор во ЈЗУ „Општа болница“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата.
- Тој, постапил спротивно на член 144-а од Закон за здравствена заштита и од 01.07.2019 година, па се до добивање на отказното решение на 29.11.2024 година и за прекинот на специјалистичкиот стаж, не ги известил надлежните ниту се јавувал на своето работно место. Во периодот од 15.07.2020 година од кога му истекла важноста на лиценцата, па се до добивање на отказното решение не поседувал ниту лиценца за работа како доктор по медицина издадена од Лекарската комора, појасни портпаролот Стефан Димоски.
За целиот период, додаде, пријавениот примал плата и други додатоци со што, го оштетил буџетот на Јавната здравствена установа и се стекнал со противправна имотна корист од 1.956.569,00 денари.
Ново на Сител
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште
-
Реакција на Клиничката болница „Аџибадем Систина“
-
18-годишник удрил со мопед во малолетно девојче при што се здобила со тешки телесни повреди
-
Кривична против двајца малолетници, физички нападнале друг малолетник