Македонија
18. September 2015 - 8:31

Седници на три собраниски тела

Во Собранието на Република Македонија за денеска се закажни седници на три собраниски тела.

На седницата на Нционалниот совет за евроинтеграции е најавено браќање на Јоханес Хан, комесар за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската комисија, кој денеска ќе биде во посета на Македонија. 

Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија имаат иста точка на дневниот ред - Предлог-одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија. Предлог-одлуката е на дневен ред и на денешната  70-та седница на Собранието на РМ.