Македонија
15. February 2022 - 8:08

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за финансирање и буџет и за економски прашања.

Предлог – законот за ратификација на Договорот за соработка во туризмот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово, е единствена точка по која ќе расправаат на седницата членовите на Комисијата за надворепшна политика.

На агендата на седницата на Комисијата за финансирање и буџет се предлог-законите за изменување на Законот за Царинската тарифа, на Законот за издавање на обврзници на Република Северна Македонија за денационализација и на Законот за платниот промет, сите по скратена постапка, во второ читање.

На седницата на Комисијата за економски прашања се Предлог – финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија за 2022 година и Предлог – одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија за 2022 година.