Седница на Влада, на дневен ред прашања од повеќе области
Владата на Република Македонија напладне ќе ја одржи 24-тата седница на која согласно предложениот дневен ред е Информацијата со акциски план за проектот Контрола на здравствените установи од страна на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија со цел еднаков квалитет на здравствена услуга за секој граѓанин.
Од политичката сфера, Владата ќе го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи.
На денешната седница се очекува да биде разгледана и Информацијата за воведување на програма за лична асистенција на лицата со телесна попреченост.
- Уредувањето на оваа услуга за лична асистенција промовира слобода за лицата со физичка попреченост во спроведување на независен начин на живот. Личните асистенти треба да помогнат да се унапреди квалитетот на живот на лицата кои ја користат услугата, се наведува во соопштението од Владата.
Владата ќе изврши увид и во Информацијата за реализација на проектот за формирање и поддршка на земјоделски задруги, на предлог на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Членовите на Владата ќе ја разгледаат и Информацијата за потребата од изготвување Национална стратегија за соработка со дијаспората за периодот од 2018 до 2023 година, како и Информацијата за потребата од ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство од 2011 година (Истанбулска конвенција).
На дневниот ред на седницата ќе се најдат и други точки кои, како што се наведува, се од интерес за граѓаните на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
-
Првомајски штрајк и протести во Грција
-
Јавниот превоз во Скопје денеска по неделен возен ред
-
На првиот ден од мај променливо облачно и топло, попладне локален дожд