Седница на ДИК, мандатот на пратеникот Тунтев на дневен ред
Државната изборна комисија на денешната седница треба да го разгледа и усвои извештајот за преземените работи согласно членот 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Македонија, по известувањето од претседателот на Собранието за престанок на мандатот на пратеникот Томислав Тунтев.
Томислав Тунтев си поднесе оставка како пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ. Се очекува оставката на Тунтев да биде констатирана на денешната собраниска седница, а неговото место во пратеничките клупи да го заземе Рубин Земон.
ДИК денеска ќе расправа и за Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2019 година на Државната изборна комисија по програма 20, Финансискиот план за распределба на средства за Изборите за претседател на Република Македонија 2019 година, Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2019 година на Државната изборна комисија по програма 21 – Изборни активности за спроведување на Изборите за претседател на Република Македонија 2019 година и Одлуката за висината на благајничкиот максимум за 2019 година.
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд, а на планините снег
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица