Македонија
13. November 2024 - 12:38
Модерното време штетно влијае на правилен раст и развој
Деформитетите на рбетот кај децата се алармантни
Телефоните ги искривија децата, сѐ повеќе основци имаат деформитети на ‘рбетот. Тешките ранци ,неправилното седење во клупите ,компјутерите и телефоните ги згрбавија децата . Погрешното држење на телото, според добрите познавачи значи дека скоро 20 отсто од првачињата и до 40 отсто на децата до завршување на основното образование, се соочуваат со некое нарушување на телесното држење.
Спортот ги поттикнува децата да се движат и да имаат здрави навики а социјализацијата е клучен процес за формирање на личноста.
Модерното време и начинот на живот штетно влијаат на правилниот раст и развој. Раното откривање и професионалниот пристап се клучот за решавање на ваквите проблеми.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->