Се уште нема официјална информација од Белград зошто се повлечени српските дипломати
Македонското Министерство за надворешни работи се уште нема официјална информација од Белград зошто се повлечени дипломатите и вработените од Амбасадата на Србија во Скопје.
Од македонското МНР за МИА велат дека воспоставуваат комуникација со МНР на Србија за утврдување на причините за оваа постапка.
Се очекува во текот на денот официјално објаснување да даде шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ. Срспката амбасадорка Душанка Дивјаќ - Томиќ во изјава за српските медиуми потврдила дека целиот персонал од Амбасадата е повлечен во Белград, но рекла дека не може да коментира која е причината.
Од МНР информираат дека согласно релевантните одредби на Виенската конвенција за дипломатски односи, соодветните институции на Република Македонија преземаат мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на Амбасадата на Република Србија во Скопје.
Сите дипломати и вработени од Амбасадата на Република Србија во Република Македонија се повлечени на итни консултации во Белград. Македонското МНР било известено од српската Амбасада оти персоналот ќе се повлече на консултации во Белград, но причината за тоа не била кажана.
Од македонското Министерство за внатрешни работи, пак, информираат дека по добиеното известување од МНР дека амбасадата на Србија се повлекува на консултации во Белград, по барање на амбасадата, превземени се мерки на зголемена безбедност на нивните објекти.
Ново на Сител
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски
-
Утре повторно бојкот на маркетите, министерот за економија најави нови мерки
-
Мицкоски: Одлуката на Уставен е конечна, ќе најдеме решение поединечно со компаниите
-
Се мапираат локалните предизвици
-
ИЈЗ: За една недела има над 3000 болни од грип – пријавени и два смртни случаи