Мицкоски: Одлуката на Уставен е конечна, ќе најдеме решение поединечно со компаниите
Владата ќе ги мапира компаниите кои го платиле солидарниот данок и со секоја одвоено ќе бара решение како да се вратат 50-те милиони евра откако Уставен го поништи законското решение.Премиерот одби да ја коментира одлуката на судот бидејќи вели таа е конечна, но не ја исклучува и можноста да има одговорност за подносителите на законот
Мицкоски побара одговори од СДСМ и ДУИ од каде да бидат одвоени пари за да се платат нивните хирови кои ги правеле додека беа власт.
Без да ја коментираат одлуката министерството за финансии парите велат ќе се исплатат согласно обврските.
СДСМ кои пред две години од позиција на власт го донесоа законското решение засега молчи и не споделува нивен став за одлуката на Уставен.
Од стопанската комора која беше и и поднесител на иницијативата за Сител велат дека ја поздравуваат одлуката на уставните судии, бидејќи според нив законот бил селективен и ретроактивен. Очекуваат до крајот на следната недела фирмите кои се засегнати да оддржат и средби со власта. Дали ќе бараат државата да им исплати камата на парите или ќе ги бараат само нето уплатите е одлука на компаниите.
Законот за солидарен данок беше донесен во 2023-та, а според него 156 компании кои оствариле приход над 10 милиони евра и имаа поголема добивка за 20% од 4 годишниот просек требаше да и платат на државата. Парите беа наменети за антикризни мерки.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар