Се уште гори кај Требовље, пожарот во Орман локализиран
Пожарот во атарот на село Требовље, општина Македонски Брод, се уште е активен, но засега е избегнато негово ширење кон селата Растеш и Требовље.
ЦУК соопшти дека на терен дејствуваат два авиона на ДЗС, а се очекува активирање и на два хелихоптера на АРМ. Пожарот го гасат и екипи на територијалните противпожарни единици од Македонски Брод, Скопје, Куманово и на ЈП Македонски шуми, како и припадници на ДЗС, на АРМ, доброволци и локалното население.
Активен пожар има и на падините на Горна Јакупица кај Велес. Зафатена е мешана шума (бор и бука). Во гасењето се ангажирани вработени во Шумското стопанство Бабуна, Велес.
На територијата на Град Скопје денеска нема регистрирано активни шумски пожари. Пожарот што избувна вчера во селото Орман во општина Ѓорче Петров е локализиран синоќа околу 23.00 часот. Во неговото гаснење учествувале припадниците на Бригадата за противпожарна заштита, лица од месното население, како и вработени во комуналните служби при општина Ѓорче Петров
Ново на Сител
-
Контејнери како депонии во Скопски Центар
-
Група професори по филозофија се спротиставија на новата концепција за гимназниско образование
-
Јавните претпријатија купуваат струја во последен момент, затоа е најскапа!
-
Преглед на вестите од светот
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот