Се уште активен пожарот на Серта
На територија на Општина Штип од утрово на неколку позиции на планината Серта се пожарникарите, припадниците на Армијата и на полицијата, како и ловџии. Од копно се контролира и гасне пожарот кај гасоводот, во близина на селата Селце, Драгоево и Пиперово.
- Огнот е далеку од овие села и нема опасност во моментов, истакна денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.
Според него, од земја огнената стихија се набљудува, се контролира и се спречува потенцијално ширење на пожарот, кон територијата на Општина Штип. Јорданов посочува дека веќе на терен се истрасирани и патишта, пресеци за да не се прошири огнот кон најблиските села на планината Серта во штипскиот регион.
-Морам да истакнам дека пожарот над селото Драгоево по синоќешното делување од воздух е ставен под контрола, исто овде се припадниците на ТППЕ и Центарот за управување со кризи, кои ќе се погрижат, за дополнително ставење под контрола и евентуално само ликвидирање на пожарот и со тоа во текот на денот будно ќе се следи пожарот на оваа локација, вели Јорданов.
Тој посочува дека веќе се направени разговори со Јавните претпријатија на Општина Штип и со приватни фирми кои со механизација ќе прават пресеци низ планината за да се спречи ширење на огнот кон селата.
Прашан дали имаат некаква првична проценка колкава е штета по шумите во штипскиот дел, Јорданов вели дека дополнително ќе се прават, бидејќи во моментов се уште е активен пожарот.
Ново на Сител
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето
-
Фетаи: Администрацијата е неефикасна и политизирана, потребни се реформи
-
Високото образование ќе се реформира од корен, нов закон, студиски програми, повеќе пари за наука
-
Трамп избран за претседател на САД
-
По победата на Трамп, Мицкоски очекува зајаканати односи Македонија – САД