Се шират морбилите во Гостивар, за пет дена има седум нови случаи
Најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, бележи седум нови случаи на заболени од мали сипаници на гостиварското подрачје. Тоа се пациенти кој кои се утврдени морбили во периодот од 20 до 25 април.
Вкупната бројка на заразени во регионот на Гостивар сега изнесува 27, што го става на шестото место во земјава, после Скопје (751), Куманово (109), Тетово (99), Струга (61) и Кичево (30).
Најголем дел од последните регистрирани заболени биле на возраст над 20 години. Според вакциналниот статус, 71,6% се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Поради исполнување на епидемиолошките критериуми, епидемија од мали сипаници е прогласена на цела територија на земјава од минатата недела.
На инфективната клиника во Скопје, 16-годишно девојче, со компликации од морбили, а кое има церебрална парализа, се бори за живот, а во потешка состојба се уште шест пациенти. Во вакциналните служби и на терен се спроведува вонредна вакцинација со МРП, а невакцинирани деца не се примаат во градинка и во училиште.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Интеграцијата на ЕУ да се темели на напредок, а не билатерални прашања
-
Тема на денот со професор Методи Хаџи Јанев
-
ВО ЖИВО: Мицкоски во Брисел на средба со Фон дер Лајен и Мишел
-
Борисов бара оставка од Николовски или крај на разговорите со Македонија
-
Албанските партии нема да седат мирни по укинувањето на балансерот, се најавуваат закони за правична застапеност
-
Пациент почина на Инфективна поради компликации од западно-нилска треска
-
Дефицитот од докторски кадар во ЈЗУ ќе се надоместува со приватни специјализанти
-
СДСМ: Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец