Свет
15. November 2016 - 12:06

Се сеќавате на огромната дупка на улицата во Јапонија? - Е веќе ја нема

Дел од патот во центарот на јапонскиот град Фукуока повторно е отворен за сообраќај, бидејќи вредните Јапонци веќе ја санираа гигантската дупка која пред неколку дена се отвори на раскрсница.
 
Типично за Јапонија, работниците работеле без да запрат, и ја затворија огромната дупка за само неколку дена.
 
Градоначалникот на Фукуока, Сиокиро Такашима вели дека сега тој дел од патот е 30 пати посилен од порано и дека стручен тим и понатаму работи на утврдување на причините за отворањето на дупката.
 
Дупката беше широка 30, долга 27 и длабока 15 метри. Причина за појава на дупката најверојатно е ископувањето на метро-станицата во близина.
 
Работниците во експресен рок ја наполниле дупката со 6.200 кубни метри песок и цемент, исто како што брзо ги санирале последиците од катастофата која му се случи на Јапонија по земјотресот во март 2011.