Се работи на комплетно гаснење на пожарот на градската депонија во Крива Паланка
Пожарот кој настана на 20 мај на градската депонија во Крива Паланка, беше локализиран истиот ден, а екипи на Јавното претпријатие Комуналец сеуште работат на негово комплетно гаснење.
-Нашите вработени активно работат на детална проверка на целата површина на депонијата и се посипува со земја, бидејќи ова е специфична материја и ослободува гасови. Дополнително, за побрзо санирање, покрај целата расположлива механизација со која располага нашето претпријатие, ангажиравме и приватна фирма чиишто екипи исто така се вклучени и интензивно се работи на терен, изјави директорот на претпријатието,Томе Тодоровски.
Тој очекува денес да биде изгаснат пожарот, а вработени од ЈП Комуналец, информира Тдоровски, ќе продолжат со дежурства на локацијата на депонијата, која се наоѓа во реонот на село Конопница.
Од комуналното претпријатие посочија дека навремената реакција од нивна страна и од ТППЕ по дојавата во саботата спречиле пожарот да се прошири и да предизвика поголема еколошка загаденост.
Ново на Сител
-
Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
-
Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки
-
Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
-
Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ