Се подготвува заедничка операција на Турција и Иран против ПКК
Турција и Иран подготвуваат заедничка операција против борците од Курдска работничка партија (ПКК) на планината Кандил, објави денеска турскиот дневен весник „Милиет“ повикувајќи се на неименувани извори од турските безбедносни сили и од иранската армија.
Весникот посочува дека и покрај предупредувањата од Анкара и од Техеран, до сега не е преземена акција против иранскиот огранок на ПКК - Пејжак. Но, по „незаконскиот“ референдум за независност на Ирачки Курдистан, Иран ја промени стратегијата кон курдските борци.
- Борците на ПКК водат вооружена борба против турската држава од 1984 година. Тие имаат кампови за обука и бази на планината Кандил, која се наоѓа на територија на Иран и на Ирак. Турските безбедносни сили извршиле низа трансгранични операции во 90-тите години до сега. Армијата има постигнато успеси во офанзивите против ПКК во Северен Ирак, но турските безбедносни сили не успеваат целосно да го исчистат реонот од терористи, бидејќи тие се префрлаат на иранска територија преку планината Кандил, наведува „Милиет“.
Весникот посочува дека Турција има низа барања кон соседен Иран, меѓу кои и затворање на границата со Ирак, запирање на терористите да ја минуваат границата, како и да им се оневозможи засолниште во Иран, а во случај курдски борци да бидат уапсени од иранските безбедносни сили, да бидат предадени на турските власти.
- Ако Иран ги исполни таквите барања, планината Кандил нема повеќе да биде сигурно место за терористите од ПКК, посочува „Милиет“.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот
-
Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
-
Седница на Советот на Град Скопје
-
Ги забавуваа скопјани за Нова Година, ама цела година ги чекаат парите од Град Скопје
-
Нова спортска сала
-
Aмбасадорите на Пендаровски Владата ќе ги враќа со толкување
-
Армијата ќе се засилува со вработување на 300 професионални војници
-
Мицкоски: Срамно е однесувањето на големите трговци, ДПИ во засилени контроли на цените пред празниците