Македонија
24. December 2024 - 16:52

Армијата ќе се засилува со вработување на 300 професионални војници

Армијата ќе се засилува со 300 нови професионални војници следната година. Министерот најави опремување, модернизација и подигнување на стандардот на вработените со 18 милиони повеќе  во новиот буџет за оваа намена. Во новата година се очекува испорака на 96 возила за армијата и системите за воздушна противодбрана. Исполнет е и условот на НАТО  за минимум 2 отсто од буџетот за одрбаната.

Испораката на сите 96 „ЈЛТВ“- возила и возилата „страјкер“ треба да заврши до крајот на годината, а исто така до крајот на 2025 треба да пристигнат и нарачаните системи „боран“ и „мистрал“.Сакам да информирам дека во овие пет, односно шест месеци исплатени се 99 проценти согласно Колективниот договор.

Во тек се ревизии на сите постапки во министерството, вклучително и набавката на 8те армиски хеликоптери каде наишле на пропусти за што ќе треба да постапува ДКСК.  Мисајловски најави дека набавката ќе продолжи и од крајот на следната година ќе почне испораката на хеликоптерите.

Ако ви кажам дека во процес на избори се правеле пренамени, ако во процес на избори се буткале многу работи само за да се склучи овој договор мислам дека некои институции треба да го погледнат детало, а тука мислам на ДКСК. Досега, пред изборите исплатен е само авансот од 39 милиони евра. Мисјаловски тврди дека после тоа не се преземале никакви активности.

Засега министерот смета дека нема потреба од враќање на задолжителен воен рок, но доколку има таква иницијатива ќе направат детална анализа.